ИНФОРМАЦИЈА ДО ВЛАДАТА ЗА ОБНОВА НА ПАРТИЗАН
- јануари 23, 2019
- 0
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев испрати Информација до Владата на Република Македонија, за враќање на сопственоста и потребата за обнова на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ (Партизан).
Информацијата ги содржи актуелните состојби на објектот, неговата важност за Општина Карпош, потребите за обнова на салата и нејзино повторно ставање во функција на спортот.
Исто така, наведени се опциите за финансирање на проектот за обнова на „Партизан“, како и остварените комуникации со повеќе надлежни институции.
Оваа Информација е резултат на „Иницијативата за спас и обнова на Партизан“, која ја иницираше Општина Карпош во соработка со Владата на Република Македонија, Агенција за млади и спорт и Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти.