Комуналните служби на Општина Карпош интензивно ги чистат јавните површини, платоата и плоштадите. Денеска се чистеше во ТЦ „Лептокарија“, платото во Карпош 3  и плочникот на „Млечен“.

 

Се чисти со машините под висок притисок т.н. вапови. Паралелно, продолжува  да се работи на подобрување на хигиената и со двете цистерни за миење на улици, кои чистат низ локалните улици во Карпош.

 

Како резултат на актуелните состојби со Covid – 19 (коронавирус), локалната самоуправа уште повеќе ги интензивираше своите активности за одржување на јавната хигиена.

 

Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирус.