ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА „СИДРО“ – НОВ НАЧИН НА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ Share
- јули 19, 2019
- 0
Двата рибни ресторани „Сидро“, кои се наоѓаат во Карпош 3 и во УЗ Владо Тасевски (кај „Млечен“), беа задолжени да постават посебни садови за собирање на комунален отпад и селектирање на остатоците од храна. Како резултат на непријатната миризба, неправилното одлагање на отпадот и реакциите од граѓаните, инспекциските служби на Општина Карпош заедно со Инспекторатот на Град Скопје, извршија вонреден инспекциски надзор.
Досега, двата рибни ресторани ги фрлале остатоците од храна во контејнерите наменети за комунален отпад. По интервенција на инспекторите од локалната самоуправа и Град Скопје, угостителскиот субјект „Сидро“, склучи договор со овластена фирма за одлагање на отпад во посебни пластични канти, наменети за таков вид на прехранбени остатоци.
Во изминатиот период, инспекциските служби при Општината во повеќе наврати беа во контрола на ресторанот, кој доби и задолжение да изготви Елаборат за животна средина. Општина Карпош продолжува со сите капацитети да работи на контрола на работата на угостителските објекти, делови од нивното работење, за кои локалната самоуправа има надлежност.