ИНОВАЦИСКИ ГРАНТОВИ ЗА ТРИ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ОД КАРПОШ
- јуни 12, 2020
- 0
Три основни училишта од територијата на Општина Карпош, од вкупно 39 основни и средни во државата се наградени за проектите во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 3 “, кој Фондот за иновации и технолошки развој го спроведува во соработка со Министерството за образование и наука. Основците од ООУ „ Димо Хаџи Димов“ со проектот „ Со компостирање до помалку отпад“, добија награда во вредност од 188.000 денари, додека учениците од ООУ „ Јан Амос Коменски“, со проектот „ Бојата на светлината растот на растенијата и Mlcrobit“, доби 110.000 денари, додека основците од „ Вера Циривири-Трена“, за проектот именуван како „ Напредна биологија за нашата екологија“, добија финансиска награда од 225.000 денари.
На церемонијата по повод врачување на наградите, техничкиот премиер на Република.С. Македонија, Оливер Спасовски нагласи дека и покрај вонредните околности со кои се соочува образовниот процес поради пандемијата со Корона вирусот, тоа не ги спречило македонските ученици да работат на себе, на својата надградба и да ги постигнуваат поставените цели во своето образование. Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски нагласи дека ова е конкретен пример како теоретските проекти ќе се реализираат во практика, и изрази голема благодарност до сите ученици и нивните ментори за нивниот вложен труд кој резултирал со одлични проекти.