Завршена е изведбата на детското инклузивно игралиште во Карпош 2, на улицата „Веселин Маслеша“. Овој јавен простор е уреден со реквизити за рекреација на најмладите, а истите се прилагодени и за децата со попреченост.

Околу игралиштето се поставија и нови клупи за седење и корпи за отпадоци, а проектот беше финансиски поддржан од Град Скопје.

Денеска, на теренски увид беа и градоначалниците на Карпош и Скопје, Стефан Богоев и Петре Шилегов.

 

  • Оваа локација ја избравме, заради тоа што во реонското училиште „Вера Циривири Трена“ статистички има поголем број на ученици со попреченост, со што верувам дека игралиштето навистина ќе се користи.

Хуманизацијата на јавниот простор подразбира развивање на населби кои одговараат на потребите на сите граѓани, рече Богоев.

 

Градоначалникот Шилегов истакна дека ова инклузивно детско игралиште е во вредност од околу 2.900.000 денари.

 

  • Градот ќе продолжи да инвестира во инклузија и вклученост на сите граѓани, затоа што секој граѓанин заслужува еднакви шанси, истакна Шилегов.

 

 

По изјавите за медиумите, градоначалниците направија обиколка и на новото зеленило во близина на Драмски театар. Таму е засадена нова тревна површина, со систем за наводнување, а Општина Карпош постави и нови клупи за седење и корпи за отпадоци.

 

Намерата на локалната самоуправа е да развива ваков тип на маалски центри, места каде што граѓаните ќе се рекреираат, ќе се поттикнува маалски соживот и дружба.