ИНКЛУЗИВНИОТ ТИМ НА ООУ „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА
- април 13, 2016
- 0
Дел од учениците кои се вклучени во инклузивниот тим на ООУ„Димо Хаџи Димов“, во периодот од 8 до 10 април, учествуваа на Меѓународната научна конференција во Банско, Република Бугарија, насловена како „Знаењето-престолнина на иднината“. Работната тема на конференцијата беше „Знаење без граници“, а тимот на Карпош, односно на ООУ „Димо Хаџи Димов“ беше составен од директорката Лидија Водјаник, Марија Трипуновска– дефектолог и наставничката Невена Петковска, кои го презентираа трудот под наслов- Инклузивната култура во ООУ „Димо Хаџи Димов“.
Со тоа тие мошне успешно го промовираа училиштето, а исто така ги надоградија своите знаења со следење на други трудови од тимови и поединци од повеќе балкански држави, како и од универзитетски професори и наставници од средни и основни училишта.
Инаку трудот е објавен во интернационалниот весник на INSTITUT OF KNOWLEDGE AND MENAGMENT со име KNOWLEDGE , а истиот ќе биде публикуван во уште два меѓународни научни весници.