ИЛИЈА БЛАЖЕВСКИ ОД НЕРЕЗИ ПРВ ГО ФАТИ КРСТОТ
- јануари 19, 2018
- 0
Во духот на православната христијанска традиција, денес во водите на реката Вардар, традиционално по деветти пат, верниците од Општина Карпош, како и од соседната Ѓорче Петров, се фрлаа по крстот. Најмногу среќа, но и најголема умешност покажа верникот Илија Блажевски од населбата Нерези. Како што истакна Блажевски, по дессетти пат се фрла по крстот и токму на јубилејниот десетти пат,имал среќа да го фати. Претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев од името на градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, од името на советниците во Советот на локалната самоуправа и сите вработени им го честиташе големиот христијански празник ” Богојавление- Водици”.
Претседателот Манолев нагласи дека во духот на традицијата на нашите предци, деветта година по ред на ” Железниот мост” на реката Вардар кој ги поврзува населбите Долно Нерези и Хром се празнува овој христијански празник. Убавото сончево и пријатно време, беше дополнителен повод, голем број граѓани, верници од двете соседни скопски општини да присуствуваат на оваа традиционална и свечена христијанска манифестација.