ИЗВЕСТУВАЊЕ

  ИЗВЕСТУВАЊЕ

           

 Врз основа на неколку законски прописи, и тоа:

 

1.       Закон за градење – член 133 и член 134 (Овластен градежен инспектор)

2.      Закон за јавна чистота – член 14 комунални редари ) односно :

·         Оставање на стари предмети од домаќинство и смет од вршење на дејности покрај садовите за собирање на смет, освен на места определени од Општината,

·         Поставување на урбана опрема и други подвижни и неподвижни предмети

·         фрлање, односно оставање на смет до контејнер и други видови на садови за собирање на смет,

·         Лепење на плакати на кое било јавно место, освен на места определени за таа намена

·         Сечење, складирање, сечење на дрва, јаглен и слично, освен на места определени за таа намена

·         Испуштање на отпадни води и други течности од дворните места и објекти

3.      Закон за заштита на животната средина и Закон за бучава (Овластен инспектор за животна средина)

4.      Закон за домување (Овластен инспектор за домување ) – член 118

 

Општина Карпош воведува дежурства во секторот Инспекторат во следниве области-

 

1.       Градежна инспекција

2.      Комунална инспекција – комунални редари

3.      Инспекција од областа на животната средина

4.      Инспекција за домување

 

Дежурни  броеви:

078/257-640, за градежна инспекција и комунална инспекција – комунални редари

078/485-987 за Овластен инспектор за домување

072/225-510 за Овластен инспектор за животна средина

Граѓаните на Карпош, во периодот од  07.30 до 15.30 часот, на овие броеви можат да пријавуваат ИТНИ И НЕОДЛОЖНИ проблеми.

Facebook
Големина на фонт