Ве известуваме дека утре петок, (03.12.2021) година, ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје ќе изврши сечење на јавно зеленило (седум дрвја), кои што се наоѓаат на ул. „Јуриј Гагарин“ бр. 49 – Скопје. При непосредниот увид на посочената локација, Јавното претпријатие утврди дека шест дрвја се целосно суви, а кај седмото е забележано дека, дел од кореновиот систем е надвор од почвата.

Според Образложението на ЈП „Паркови и зеленило“, постои опасност некое од дрвјата да падне и да причини несакана материјална или друга штета.
За таа цел, Ве молиме да го отстраните Вашето возило, за да можат службите непречено да ја извршат својата работа.
Одложувањето на акцијата за сечењето дрвја беше од страна на ЈП „Паркови и зеленило“ на која Градоначалникот Јакимовски реагираше.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА РАЗБИРАЊЕТО И СОРАБОТКАТА