ИЗВЕСТУВАЊЕ: КАРПОШ НЕ ДАДЕ НАЛОГ ЗА СЕЧА НА ДРВЈАТА
- мај 10, 2018
- 0
Во Општина Карпош, по барање на граѓани од околните згради, а по налог на Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“, исече две тополи. Ова е сторено, по претходно утврдени испитувања за состојбата на двете дрва.
Општина Карпош нема издадено налог за сеча на дрвјата во Карпош 4, а освен тоа, што е позначајно, на постоечката локација не е предвидена изведба на било каква инфраструктура или градежни активности.