Почитувани граѓани на општина Карпош,

Ве информираме дека во врска со огласот за поднесување на барања за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и оштетени кровни конструкции и кровни покривачи на станбени згради за колективно домување во Општина Карпош, согласно член 7 од Правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и оштетени кровни конструкции и кровни покривачи на станбени згради за колективно домување во Општина Карпош, финансиските средства наменети за ПОПРАВКА И САНАЦИЈА НА ЛИФТОВИ за 2021 година се исцрпени. Нови барања ќе може да се поднесуваат по објавување на нов оглас за следната 2022 година.

Со почит,

Општина Карпош