ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБАТА СО УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА
- јануари 12, 2026
- 0
Почитувани,
Општина Карпош Ве известува дека будно ја следи состојбата со зголемениот број на улични кучиња на наша територијата и од тие причини веднаш реагиравме до Град Скопје и ЈП Лајка со барање за заедничка соработка и решавање на овој проблем. Екипите од ЈП Лајка веќе се на терен на повеќе локации во општината при што се врши заловување и хуман третман на кучињата согласно процедурите и стандардите за благосостојба на животните.
Евидентно е дека бројот на бездомните кучиња во последните неколку денови е зголемен, па затоа, во соработка со Градот ќе работиме интензивно на изнаоѓање на решение за моменталната состојба, како и на трајно решавање на проблемот со уличните кучиња.









