ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОПИС 2021
- септември 25, 2021
- 0
Со оглед на тоа што остануваат само уште неколку дена до финишот на најголемата статистичка операција во земјава за попис на населението, домаќинствата и становите, ги известуваме сите наши сограѓани кои останале непопишани, дека можат самоиницијативно да го сторат тоа во седиштето на Комисијата на пописен реон 41 – Карпош, во Урбаната заедница „Карпош 1“, на ул. „Иван Аговски“ бр.7.
Притоа, ги информираме граѓаните дека овој „пописен пункт“ ќе работи секој ден од 8:00 до 20:00 часот, заклучно до 30.09.2021 (четврток). За дополнителни информации можете да се обратите на следниов тел. број: 072/911-140