Минатиот викенд, сабота (01.04.2017), дечињата и вработените од градинката „Пролет“ – Општина Карпош, ја одбележаа 52 годишнината од постоењето на својата предучилишна установа.

По повод патрониот празник, најмладите подготвија приредба на кејот на реката Вардар под мотото „Движи се, да не заборавиш да одиш“. Свеченоста започна со традиционалните народни танци, продолжи со одбрани детски песнички и игри, а заврши со спортскиот дел, каде децата ги презентираа своите вештини во кошарка и фудбал.

 

На манифестацијата, покрај среќните детски лица, шаренилото од весели костими, забелележливо беше расположението на возбудените родители, меѓу кои присуствуваше и министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими. По завршување на првиот забавен дел од приредбата, дружбата продолжи со пешачење до целта, кај хотелот „Александар Палас“.

 

Во рамки на веселата дружба беше промовирана и новата химна на градинката „Пролет“, чиј текст го напиша директорката Вита Јаковлевска, а музиката ја аранжираше реномираната македонска поп пејачка Андријана Јаневска. За денот на пролетта, 21. март, под мотото „Чист двор“, децата засадија цвеќиња во дворовите, посејаа семиња од зеленчук во еко градините и реализираа практични еко-активности.