Зимската служба на Општина Карпош од раните утрински часови е присутна на терен со цел расчистување на снежните наноси и фрлање на индустриска сол на критичните места низ општината.

Зимската механизација е навремено активирана на повисоките точки како што се дел од Нерези, Етно село, Бардовци, Жданец, Трнодол и Козле.Воедно, сезонските работници од рано утро, ги чистат пристапните патеки во близина на градинките и училиштата како и неколку делови кои се непристапни за механизацијата.

Општина Карпош е подготвена за временските услови, а зимската служба ќе биде постојано на терен заради зголемување на безбедноста на нашите жители.

Апелираме до жителите за внимателно движење и почитување на препораките, а граѓаните кои управуваат со моторни возила, да ги почитуваат сообраќајните правила и да користат соодветна зимска опрема.