ЗЕЛЕНИЛО И КЛУПИ ЗА СЕДЕЊЕ ВО СПОРТСКО – АДРЕНАЛИНСКИОТ ПАРК ВО КАРПОШ
- јуни 26, 2020
- 0
Се преземаат финалните активности за конечниот изглед на Спортско – адреналинскиот парк кај Алпинистичката карпа, долж Кејот на реката Вардар, во општина Карпош.
Покрај содржинските делови: игралиштата за фудбал и одбојка на песок, скејт паркот, детското игралиште и адреналинскиот дел, овој јавен простор добива и ново зеленило.
Околу оваа зона, веќе се засадија нови 70 дрвја, тревна површина и 30 украсни растенија. Исто така поставен е и систем за наводнување, со цел подобро одржување и функционалност на зеленилото.
Обновена е и урбаната опрема, при што се поставија нови 58 клупи за седење, а претстои поставување на корпи за отпадоци и држачи за велосипеди.
На овој начин, целосно ќе се промени сликата за овој потег, кој претставува еден од поатрактивните делови за рекреација во Скопје.
Спортско – адреналинскиот парк, кој наскоро ќе биде отворен, ќе понуди содржини и активности за сите генерации на граѓани.