Во рамките на тековната акција за засадување на 113 дрвја на територија на Општина Карпош, денеска, населбата Карпош 2 доби нови стебла од типот Туја и Јасен.

Дрвјата се засадуваат на локации меѓу зградите, во маалските паркчиња, со цел да се оплемени и зголеми меѓублоковското зеленило.

 

Оваа еко-акција ги опфаќа урбаните заедници: Владо Тасевски (Млечен ресторан) Тафталиџе 1, Карпош 1 и Карпош 2.

 

Во втората половина на април, Општината во соработка со Град Скопје и јавните претпријатија ќе организира уште една акција за засадување на нови садници во Карпош, со цел рамномерна покриеност со зеленило, на сите урбани заедници.