По повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“, каде што пред три години засадија дрвја како симбол на пријателството, партнерството и заедничката грижа за животната средина.
Овојпат, свој белег во зелената приказна на Карпош остави и Општина Живинице од Босна и Херцеговина, која како пријателска општина засади свое прво дрво, приклучувајќи се кон иницијативата за уредување и раззеленување на јавните површини.

 Дрворедот го сочинуваат 12 висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, кои денес претставуваат жив потсетник на воспоставените пријателства и континуираната меѓуопштинска соработка.
 Оваа симболична иницијатива уште еднаш потврдува дека соработката меѓу општините не се гради само преку заеднички проекти и активности, туку и преку конкретни дела кои оставаат трајни вредности за идните генерации.