ОГЛАС за Финансиска поддршка на спортски клубови од подрачјето на Општина Карпош

  1. Право на пријавување

Право на пријавување имаат сите заинтересирани спортски клубови регистрирани со седиште на подрачјето на oпштина Карпош најмалку 3 (три) години, a кои со своите програми и активности придонесуваат за развој на спортот во општината и пошироко.

Спортските клубови се должни во барањето да ги наведат причините, намената за кои ги барат средствата со финансиска конструкција и спецификација.

  1. Потребни документи и услови за учество
  1. Потврда од матичната национална спортски федерација дека клубот се натпреварува во национално спортско првенство со најмалку 5 (пет) клуба (да се наведат клубовите);
  2. Навремено доставување извештаи за наменска искористеност на средствата доделени од Општина Карпош од претходната година;
  3. Да имаат изработено годишна програма за работа на клубот;
  4. Да имаат организирана и активна спортска школа и нејзино активно учество во натпреварувањето организирано од матичните национални спортски федерации во најмалку две селекции;
  5. Решение за регистрација на спортскиот клуб (и решение од централен регистар не постар од 3 месеци);
  6. Спортските клубови регистрирани со седиште во друга општина, а подружница во Општина Карпош нема да се разгледуваат и истите ќе се одбијат;
  7. Решение за вршење дејност спорт од страна на Министерството за спорт односно АМС.

 

  • Критериуми за доделување на финансиска поддршка на спортски клубови

 

  1. Ранг на натпреварување на сениорскиот тим, постигнувањата на сениорските клубови на националните спортски првенства со официјален документ од националната спортска федерација за последната натпреварувачка 2024/2025 година и репрезентативци во сениорските тимови (документ од националната спортска федерација и да се наведат натпреварите);
  2. Предност може да биде бројот на активни млади селекции кои се натпреваруваат во младите лиги и нивен пласман на табела за последната натпреварувачка 2024/2025 година, (документ од националната спортска федерација за постигнати резултати за натпреварувачката 2024/2025) и репрезентативци за соодветните млади селекции (документ од националната спортска федерација и да се наведат натпреварите);
  3. Да достават резултати – табела на сите млади селекции со кои располага клубот;
  4. Најмалку еден лиценциран тренер.

 

  1. Висина на финансиската поддршка и рангирање

 

Во зависност од приложените документи, финансиската поддршка за клубови кои имат сениорски тимови и млади категории, комисијата може да предложи најмногу до 120.000,00 денари и  ќе се доделува според претходно изготвен правилник за оваа намена кој ќе биде објавен во прилог на овој оглас.

Клубови кои работат само со млади категории и имаат соодветни спортски постигнувања комисијата може максимално да предложи до 60.000,00 денари.

                 

  1. Начин на пријавување

 

Документите можат да се достават по пошта на ул. Радика бр.9 – Скопје или во Архивата на Општина Карпош (во затворен плик), барака бр.2, со ознака „Не отворај“ и со назнака „За оглас за финансиска поддршка на спортски клубови од подрачјето на општина Карпош“.

  1. Рок за поднесување на документите

Рокот за поднесување на документите е заклучно со 04.07.2025 година.

Документите на спортските клубови кои се некомплетни нема да бидат разгледувани.

 

 

 

                                                        ОПШТИНА КАРПОШ

 

Комисија за доделување на Стипендии за талентирани  спортисти, жители  на Општина

Карпош кои учат во VIII и IX одделение, Еднократна финансиска подршка за спорт и

рекреација  и за Финансиска поддршка на спортски  клубови од подрачјето на

Општина Карпош

 

ЦЕЛИОТ ОГЛАС НА ОВОЈ ЛИНК: https://karpos.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Oglas-za-finansiska-poddrska-na-sportski-klubovi-2025.pdf