ЗАШТИТНИ ПРЕЧКИ ПРЕД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ
- декември 27, 2018
- 0
Општина Карпош постави заштитни метални пречки пред влезовите на неколку основни училишта, кои излегуваат на попрометни улици. Станува збор за влезовите пред училиштата: „Војдан Чернодрински“ (Владо Тасевски), „Јан Амос Коменски“ (Тафталиџе 1), „Владо Тасевски“ (Козле) и „Димо Хаџи Димов“ (Влае). Целта на поставувањето на овие метални штитници е да се спречи директно истрчување на учениците на фреквентните улици.
Во изминатиот период, Општина Карпош ја обнови и вертикалната и хоризонтална сигнализација пред детските установи – градинките и основните училишта. Локалната самоуправа воведе и ЗОНА 30 долж сервисните улици во Карпош 4, за да се зголеми безбедноста на децата и учениците од оваа населба.
Намерата е да се продолжи со подготовка на сообраќајни решенија кои гарантираат безбедност и заштита на сите учесници во сообраќајот.