ЗАШТИТНА ОПРЕМА ЗА КОМУНАЛНИТЕ СЛУЖБИ НА КАРПОШ
- април 27, 2020
- 0
Заштитни маски за повеќекратна употреба, заштнитни наочари, ракавици и средства за дезинфекција денеска и беа донирани на локалната самоуправа од компанијата „Санмарти“ ДОО.
Оваа опрема ќе ја користат комуналните служби на Општина Карпош, кои секојдневно дезинфицираат згради, улици, јавни површини и урбана опрема.
Општината тековно доделува опрема на сите вработени, но секоја поддршка е значајна и добредојдена.
Локалната самоуправа ја истакнува својата благодарност до оваа општествено одговорна компанија која во ваков значаен период ја поддржа работата на Карпош за намалување на последиците од коронавирусот.
Ги повикуваме сите граѓани да носат заштитни маски и да се придржуваат до препораките од надлежните институции.