ЗГОЛЕМЕНИ ИНСПЕКЦИСКИ КОНТРОЛИ – ЗАЕДНО ЗА ПОЧИСТ КАРПОШ

 

Почитувани граѓани,

Општина Карпош согласно своите надлежности, покрај интензивираните активности за чистење на јавните површини, во наредниот период ќе ги зголеми и инспекциските контроли на терен. Овие активности ќе се одвиваат и за време на викендите. За таа цел сакаме уште еднаш да потенцираме кои дејствија претставуваат прекршување на прописите за чиста животна средина и за кои ќе има прекршочни санкции од 50 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Ø Фрлање шут, отпад, формирање депонии, јами и сл., во профилот на улиците и патиштата или покрај контејнерите за комунален отпад;

ØОставање градежен шут, смет и други материјали на коловозот и тротоарот на улиците;

ØИспуштање на отпадни или други води на коловозот и тротоарот, или спречување истекување на водите на предвидените места;

Ø  Нанесување кал, градежен и друг материјал на коловозот и тротоарите на улиците;

Ø Попречување  на пешачка патека и улица, противправно прекопување на коловозот, оставање пречки и друг материјал на коловозот, пешачката патека или тротоарот и неовластено поставување разни препреки;

ØОштетување и уништување на урбана опрема, сообраќајни знаци, патокази, семафори и друга опрема која е во функција на патеките, улиците и другите јавни површини;

Ø  Отворање и отстранување на капаците на уличните шахти и решетки;

Секој од нас носи одговорност за здрава и чиста животна средина.

 

Заедно  за  почист и  поубав Карпош !