Започнува уписот на деца во прво одделение, во сите десет основни училишта, за учебната 2021/2022 година. Во општина Карпош, запишувањето на новите ученици ќе се одвива во две фази:

 

  • Доставување на потребни документи до училиштето, по електронски пат на gov.mk или директно до Комисијата за упис на деца во I одделение (составено од секое основно училиште);
  • Средба (разговор) со детето, на закажан термин во согласност со Протоколот за упис на ученици.

 

Од оваа година, доставувањето на документи може да се прави и по електронски пат, со цел да се намали метежот по образовните установи, но и да се избегне групирање и ширење на вирусот КОВИД – 19.

 

Физичкото присуство останува како задолжително за да се спроведе интервјуто со ученикот кој се запишува. Сепак, генерално, ако дозволуваат временските услови, овие разговори ќе се спроведуваат во отворените еко – училници на сите училишта.

 

Апелираме до сите чинители во процесот (наставници, деца, родители, административно – технички кадар) на зголемена претпазливост при работењето и грижа за заштита на јавното здравје.

 

Општина Карпош посакува успешен упис и нов почеток за нашите најмлади жители, како и за нивните родители и наставен кадар.