ЗАПОЧНА СИМБОЛИЧНОТО УКРАСУВАЊЕ НА КАРПОШ
- декември 11, 2020
- 0
Од плоштадот „Делфина“ во Влае 2 започна новогодишното украсување на Општина Карпош. По украсувањето на овој јавен простор службите ќе се упатат кон украсување и на кружниот тек на улицата „Париска“, платото на „Млечен“, како и дел од паркот спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Оваа година, локалната самоуправа предвиде симболично украсување на општината, имајќи ја предвид ситуацијата со коронавирусот и тешката финансиска состојба. Иако беа планирани 2 милиони денари, сепак за украсување се одвоија 600.000 денари, а преостанатите средства од 1.400.000 денари се наменети за дополнително опремување на градинките и училиштата со прочистувачи за воздух.
Симболичното украсување на Карпош придонесува за посреќни моменти на најмладите, но и на повозрасните жители, кои сакаат да ја почувствуваат новогодишната атмосфера.
Локалната самоуправа продолжува со рационализација на буџетските средства и нивно насочување кон реалните потреби на граѓаните.