И оваа година Општина Карпош на Бардовчани, традиционални производители на зелка им излезе во пресрет за пласманот на нивните производи.

Во почетокот на месец ноември, кога почна „сезоната на зелката”, Општината постави околу 40 тезги за продажба на овој вид зеленчук. На овој начин, општина Карпош им помогна на своите жители од с.Бардовци, кои традиционално ја продаваат својата прочуен бардовска зелка, тоа да го направат поорганизирано и похигиенски. 

 
Имајќи разбирање за тешката економската состојбата во државата, со единствена цел да им помогне на своите граѓани, тезгите што ги обезбеди општината им ги даде на продавачите на времено користење и без надоместок.