ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА БЕСПЛАТНИ ЧАСОВИ ПО ФИТНЕС И САМООДБРАНА ЗА КАРПОШАНИ
- април 2, 2026
- 0
Со одржување на првите тренинг-активности, вчера во спортската училишна сала во ООУ „Петар Поп Арсов“, започна реализацијата на проектот „Фитнес и самоодбрана за жени и мажи“. Станува дел за проект кој е дел од програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за 2026-та година. Тренинзите ги води искусниот тим составен од стручни кадри, предводен од д-р Страшо Глигоров, доктор на науки од областа на кинезиологијата, како и од Проф. д-р Јонче Ивановски, декан на Факултетот за безбедност –Скопје.
Тренинзите ќе се одржуват во спортската сала во две термина, понеделник и среда од 21:00 до 22:00 часот.
Водејќи се од добропознатата максима „во здраво тело-здрав дух“, Општина Карпош и во иднина ќе финансира и логистички ќе поддржува проекти од областа на физичката и спортската култура, со кои ќе се подобрува психофизичкото здравје на карпошани, создавајќи култура на активен спортски живот .
Сите заинтересирани граѓани на Општина Карпош, може да се пријавуваат на телефонскиот број 070-274-813, со што ќе земат активно учество во проектот и ќе тренираат и учат од стручни и професионални лица.









