Претставници од Секторот за развој од Општина Карпош и градоначалникот Стевчо Јакимовски, вчеравечер присуствуваа на официјалното отворање на интернационалниот камп „Youth 4 Social Change“ (Y4SC), чии што партнери се SPIN Sport Innovation и локалната самоуправа од Карпош. Овој проект којшто е кофинансиран од Европската унија започна во 2022 година и има поставено рок за реализација до 2024 година.  Во рамки на кампот учествуваат млади и младински работници од Германија, Австрија и Португалија, а нашата држава ја претставуваат членовите на невладината организација ТАКТ и Општина Карпош.

                Пред присутните, свое обраќање имаше и градоначалникот Јакимовски, кој во оваа пригода говореше за улогата на младите во пошироката заедница и нивното учество при креирање на локалните политики.

  • Лично сметам дека од особена важност за нашата држава е младите да бидат директно инволвирани во процесот на донесување на одлуки. Ова го велам бидејќи тие со своите иновативни предлози и идеи се носители на прогресот, кој ќе ни помогне на сите нам заедно да изградиме едно современо општество – додаде првиот човек на Општината.

Инаку, целта на овој интернационален камп е да ги мотивира младите и дополнително да ја зајакне нивната желба за иницијативност, особено преку проекти во образованието и спортот. Според планираната агенда, во рамки на кампот ќе се реализираат секојдневни програмски сесии кои ќе траат три дена (20-22 октомври). Притоа се очекува младите ќе поминат низ повеќе обуки, заедничка дружба, забава и размена на искуства.