ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРВАЧИЊА ВО УЧЕБНАТА 2025/2026 ГОДИНА
- април 14, 2025
- 0
Општина Карпош ги известува родителите чиишто дечиња годинава треба за првпат да тргнат на училиште, дека во текот на месец мај 2025 ќе започне уписот на првоодделенци со претходно закажани термини во училиштата, кај Комисијата за запишување на ученици.
Имено, во прво одделение ќе се запишуваат деца коишто се родени во 2019 година кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, како и децата кои се родени до 31.01.2020 година, по претходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог.
Согласно член 63 од Законот за основното образование на РСМакедонија (Службен весник на РСМ бр.161/19, 229/20 и 3/25), основните општински училиштата на територија на Општина Карпош ги опфаќаат учениците од својот реон, утврден од основачот на училиштето, поточно со Одлуката за утврдување на реони на основните училишта на локалната самоуправа. бр.09-3562/1 од 25.04.2024.
Оттука, родителите при уписот на детето во прво одделение треба да ја поднесе потребната документација, односно:
- Извод од матична книга на родените на ученикот (копија);
- Лична карта од родител/старател (копија);
- Потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа;
- Потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
- Потврда од офтамолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
- При запишувањето на дете со попреченост во прво одделение родителот/старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
Од оваа година стоматолошкиот преглед за идните првачиња освен во Поликлиника-Букурешт, може да се направи и во Поликлиника –Ѓорче Петров, почнувајќи од 22 април 2025 година , секој работен ден од 08.00-19.30 часот без закажување термини.
Одлука за утврдување на реони на основните училишта на Општина Карпош