ЗАМИСЛИ ИДНИНА ЗАЕДНО – ДИРЕКТНА ПОМОШ ЗА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА
- август 29, 2018
- 0
Во Македонската опера и балет, делегацијата на Европската унија во Скопје ја започна промотивната кампња “Замисли иднина заедно” преку која ќе се презентираат придобивките од членството на Република Македонија во ЕУ преку реализирање на средби со граѓани и работилници во различни градови. На настанот учествуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, како и претседателот на Совет, Андреј Манолев кои заедно со другите претставници од локалните самоуправи можеа да слушнат за повеќе искуства и практики од ЕУ во делот на развојот на локалните заедници.
Повеќе од 150 милиони евра ќе бидат доделени на локалната самоуправа во наредните 4 години, посочи Никола Бертолини, раководителот на Секторот за соработка на Делегацијата на Европската унија. Бертолини ги напомена и главните принципи за реализација на успешни локални проекти: опкружување, инклузија, човечки ресурси, време и сопственост. Преку нивна правилна комбинација и вкчлучување на повеќе засегнати страни, ќе се постигнат позитивни работи за подигнување на квалитетот на живеење на локално ниво.
Во Карпош веќе во финална фаза е изградбата на детската градинка во Бардовци која во значаен дел е финанасирана од страна на Европската унија (грант од 1.200.000 евра – http://euprojects.mk/maps/report/631 ).
На настанот се обрати и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар и Кристијан Даниелсон, директорот на Директоратот за проширување и соседска политика при Европската комисија.