Општина Карпош ги презема последните активности за безбеден прием на децата во градинките.Денеска, градоначалникот Стефан Богоев одржа состанок со директорките на градинките: „Мајски цвет”, „Орце Николов”, „Распеана младост” и „Пролет”.

 

Констатирано е дека во сите градинки заврши процесот на дезинфекција, дезинсекција и дератизација на занималните, кујните, тоалетите и канцелариите.

Приемот во секој објект на предучилишна установа ќе се одвива согласно донесениот Протокол, со зголемени контроли и надзор.

 

Ги повикуваме сите чинители, родители, воспитниот кадар и управите на градинките да бидат уште поодговорни и потолерантни овој период, со повторното отворање на детските установи.

Општина Карпош продолжува да биде партнер и поддржувач во креирањето на подобри услови во предучилишното образование.