ЗАВРШИ ХОРТИКУЛТУРНОТО УРЕДУВАЊЕ НА ПОРТА ВЛАЕ
- април 30, 2019
- 0
Општина Карпош го заокружи хортикултурното уредување на платото кај Порта Влае.
Денеска се засадија повеќе украсни грмушки и цвеќиња во жардиниерите, со што се облагороди просторот и заленилото и во овој дел од Општината.
Во изминатиот период беше хортикултурно уреден предниот дел на Порта Влае, а Општината ја започна и пролетната акција за засадување на нови дрвја.
Продолжуваме со секојдневните активности за раззеленување на Карпош.