Карпошани денес уживаа во прекрасниот настап на фолклорниот ансамбл „Етнос“. Плоштадот „Делфина“ беше исполнет со љубители на фолклорот, традицијата и македонската култура.

На почетокот на концертниот настан, градоначалникот Сотир Лукровски ги поздрави сите присутни и упати благодарност до играорците кои со својата посветеност ја чуваат, негуваат и пренесуваат традицијата од генерација на генерација.
Општина Карпош продолжува во континуитет да ги поддржува културно-забавните настани, кои се нераскинлив дел од животот и секојдневието на Карпош.
 
 Фолклорот е нашата традиција, култура и заедничко наследство!