ЕСЕНСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО КАРПОШ
- октомври 6, 2026
- 0
Општина Карпош, преку овластен економски оператор, започна со реализација на годишната акција за есенска дератизација на територија на општината, која ќе трае до крајот на оваа календарска година.
Акцијата е дел од програмските активности на одделението за заштита и спасување и истата се спроведува редовно и конитуирано со цел контрола и уништување на штетните глодари, како и превенција од појава и ширење на заразни болести. Во рамки на есенската дератизација ќе бидат опфатени околу 5000 шахти на целата територија на Општина Карпош. Претходно, Општина Карпош спроведе акции за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите општински основни училишта и детски градинки на своја територија. Преку спроведувањето на редовните превентивни мерки, Општина Карпош обезбедува заштита на јавното здравје и создава побезбедна и поздрава животна средина.









