Во ООУ „Јан Амос Коменски“ вчеравечер, се одиграа финалните натпревари во шаховското училишно натпреварување. Од вкупно 68 натпреварувачи во финалниот турнир пласман обезбедија 32 шахисти.

 

Емил Ристески од училиштето „Јахја Кемал“ е победник на овогодинешниот турнир во кој учествуваа основци од училиштата во Карпош од шесто до деветто одделение. Освен „златниот“ Ристески, второто и третото место на овој шаховски турнир го освоија учениците од училиштето „Владо Тасевски“.

Матео Ефтовски на крајот од шаховското натпреварување заврши како вицешампион, додека Миле Костески од истото училиште го освои третото место. Ова шаховско натпреварување е во рамките на шаховските училишни лиги, преку кое основците кои учат во училиштата од Општина Карпош го развиваат својот талент за оваа древна игра, со можност во иднина некој од нив да прерасне во професионален шахист, кој ќе ги „брани боите“ на државата во меѓународните натпреварувања.