ЕКО – СУБВЕНЦИИ ЗА ФОТОНАПОНСКИ ПАНЕЛИ И ЗА КАРПОШАНИ
- април 2, 2021
- 0
Жителите на Карпош, како и сите други, можат да побарaат поврат на средства доколку вложат во купување и инсталирање фотонапонски панели за производтво на електрична енергија до 4 KW за сопствена потрошувачка во домаќинствата. Тоа се однесува за градба на која барателот има право на сопственост или право на користење за 2021 година.
Оваа стимулирачка мерка, преку јавен оглас, ја воведе Министерството за економија со цел да ги поттикне граѓаните што повеќе да користат обновливи извори на енергија кои помалку ги загадуваат воздухот и почвата, односно не влијаат негативно на климатските промени.
На барателите на ваква помош Министерството ќе им обезбеди поврат на средства до 30% од вложеното, но не мовеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2021 година. Право на учество на овој јавен оглас имаат оние граѓани кои купиле или инсталирале фотонапонски панели од 1 јануари годинава или тоа ќе го сторат до 30 јуни 2021 година.
Доделувањето на надоместокот за дел од трошоците ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“, а барање за ваков надоместок може да поднесе само едно лице. Барателите ќе се исплаќаат се до исцрпувањето на предвидените буџетски средства за оваа намена.
За сите подетални услови и потребни обрасци и документи заинтересираните граѓани може да се информираат преку јавно објавениот оглас или на страната на ресорното министерство
https://economy.gov.mk/