ЕКО ИГРАЧКИ ЗА СИТЕ ГРАДИНКИ ВО КАРПОШ
- декември 28, 2017
- 0
Во новогодишно расположение и топла атмсофера, во градинката “Пролет”, во Козле за сите градинки во Општина Карпош празнично им беа доделени еко-играчки.
На овој начин, старите и пластични играчки се заменуваат со играчки изработени од еколошки материјали, со цел да се обезбеди поголема безбедност на најмладите карпошани за време на играта и едукацијата, како и за заштита на животната средина.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се заблагодари до најмладите за новогодишните честитки и им посака среќна и успешна 2018-та година.
-Овие еко – играчки се мал придонес на Општината за обезбедување на посреќно детство и подобри услови на децата во градинките.
Ќе продолжиме да ве радуваме, вас, најмладите и преку многу други активности и проекти. Вие сте иднината на Општината и наша обврска е да инвестираме во вашиот развој , им порача Богоев на дечињата.
Најмладите карпошани го прашуваа градоначалникот и за неговите желби и моменти од детството, омилените играчки, подароци и слично. Преку заедничкото претпразнично дружење дечињата имаа можност од поблиску да го запознаат нивниот градоначалник, а притоа добија и уверување дека секогаш ќе биде достапен и посветен на нив.
Дружењето на градоначалникот со децата од четирите градинки од Карпош и нивните воспитувачи и педагози заврши со пригодна приредба за зимата, за Дедо мраз, но и за чистата и здрава животна средина која најмногу им е потребна токму на децата.