ЕКО-БЛАГОДАРНИЦА ЗА ОПШТИНА КАРПОШ
- септември 4, 2017
- 0
На свечената промоција на едукативната детска игра за селекција на отпад, насловена како „GREEN GAME”, денеска во „Скопје Сити Мол”, двете друштва за управување со отпад во Македонија, „Нула Отпад” и „Пакомак”, му врачија благодарница на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
Првиот човек на Општината го доби ова признание, за поддршката на локалната самоуправа во реализација на повеќе еколошки проекти, како и за особениот придонес на Општина Карпош во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина. Во рамките на оваа манифестација присуствуваше и неговата екселенција, Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, кој исто така доби благодарница за поддршка на еколошкиот проект „GREEN GAME”.
Еко-друштвата „Нула Отпад” и „Пакомак” ја организираат оваа игра, согласно потребата да се направи едукација на населението, пред сé започнувајќи од децата. Целта е, најмладите да стекнат навика за редуцирање, селектирање и рециклирање на искористените батерии, акумулатори и отпадната електрична и електронска опрема. Играта претставува нов концепт, воедно и креативна едукација кај најмладите, кои што треба да го селектираат отпадот низ игра и забава. Заинтересираните можат да ја симнат играта „GREEN GAME”, на следниве два линка:
www.nulaotpad.com.mk
www.pakomak.com.mk
Учесниците во играта ги очекуваат бројни награди и изненадувања од страна на организаторите „Нула Отпад” и „Пакомак”.