Комуналните служби на Општина Карпош утринава исчистија поголема количина на отпад во близина на ТЦ „Скопје Сити Мол“.

 За оваа локација постоеја повеќе пријави на граѓани на социјалните мрежи.

 Локалната самоуправа апелира до сите граѓани и фирми да го фрлаат отпадот само во точно утврдените места – контејнери, а не на јавните површини, со што придонесуваат кон создавање на диви депонии.

 Општината ги интензивираше и инспекциските теренски контроли, со цел да се заштити животната средина и да се спречи дополително загадување.