По повод 21 септември – Светскиот ден  за борба против Алцхајмеровата болест, учениците од IX одделение од ООУ “Димо Хаџи Димов”, учествуваа во низа активности кои  придонесуваат за поголема едуцираност на насалението, односно за поблиско запознавање со ова заболување и негова превенција. Наставничката Благородна Спировска по предметот “Унапредување на здравјето”, заедно со своето одделение, изготвија флаери со кратка содржина поврзани со Алцхајмерова болест, кои беа поделени во населбата Влае.