ЕДУКАТИВНА СЛИКОВНИЦА „ПЧЕЛКИТЕ НА ХАЗАЛ“ ЗА МАЛИТЕ ЧУВАРИ НА ПРИРОДАТА
- октомври 24, 2026
- 0
енеска, на плоштадот „Млечен“, беше промовирана едукативната сликовница „Пчелките на Хазал“, на македонски и англиски јазик, чија авторка е Мери Узуновска.
На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ја истакна важноста на поддршката на културата и проектите наменети за најмладите.
Потребни се што повеќе вакви сликовници кои ќе ја поттикнуваат детската фантазија, љубовта кон читањето и учењето, ќе ги анимираат најмладите и ќе им помогнат да растат со вистински вредности.
Преку интересна приказна и прекрасни илустрации, децата учат за важноста на пчелите и заштитата на природата.
Проектот е финансиски поддржан од Општина Карпош, а дел од сликовниците ќе бидат донирани во градинките и училиштата, каде што ќе се организира и едукативна работилница.
Со поддршка на културата и детската креативност, инвестираме во иднината на нашите најмлади!









