Европскиот шампион по информатика во посета кај Јакимовски
- септември 19, 2025
- 0
Градоначалникот Јакимовски се сретна со европскиот шампион по информатика Владимир Грчев Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, оствари средба со младиот информатички гениј Владимир Грчев, кој неодамна освои златен медал на Европската олимпијада по информатика. Во пријатна и инспиративна атмосфера, градоначалникот му честиташе за извонредниот резултат, му посака многу успех во иднина и му вети целосна поддршка за следните големи натпреварувања. Владимир, минатата година го заврши основното образование во ООУ „Братство“ – Карпош, каде беше прогласен за ученик на генерација.
Неговите успеси се резултат на посветеност, труд и талент, но и на квалитетната поддршка од наставничкиот кадар.
Блескави успеси на Владимир Грчев:
Златен медал на Европската олимпијада по информатика
Златен медал на Македонската јуниорска олимпијада по информатика
Златен медал на Македонската јуниорска олимпијада по математика
Сребрен медал на Балканската математичка олимпијада за млади
Државен првак по информатика
Првенец на генерација во ООУ „Братство“
И многу други национални и меѓународни признанија