ЕВЕРГРИН ВЕЧЕР СО ЛИДИЈА КОЧОВСКА И АНТОНИЈА ГИГОВСКА
- август 26, 2017
- 0
Антонија Гиговска беше одлична увертира за настапот на македонската музичка дива Лидија Кочовска. Пеејќи странски евергрин хитови, но и своите легендарни „ Ти си тој“, “ Што те нема“, “ Доволно луд“, Кочовска приреди вистинско летно, музичко уживање пред насобраните жители на Општина Карпош.
Музичката уметница, со своите хитови од деведесетите, повозрасните ги „врати“ во својата младост, додека помладите уживаа во прекрасната вокална изведба на македонската пејачка.