ДРЖАВНО СРЕБРО ЗА МЛАДИОТ ПИНГПОНГАР ОД КАРПОШ
- ноември 20, 2017
- 0
Карпошанецот Методиј Бужаровски, го освои второто место на Државното првенство за средни училишта во пинг понг, што се одржа минатиот петок во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп. Во градот под „Марковите кули“ за титулата државен првак во машка и женска конкуренција се натпреваруваа средношколци од повеќе градови во Македонија.
Првенството го организираа Сојузот на училишен спорт на Општина Прилеп, Федерацијата на училиштен спорт на Македонија, а покровители беа Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука. Методиј Бужаровски е ученик во трета година во средното училиште „Никола Карев“, во скопски Карпош. Тој е еден од најперспективните млади пингпонгари во Македонија , член е на Јуниорската и на сениорска репрезентација (У21) во пинг понг и повеќекратен првак во кадетска конкуренција.