До

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

  • ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

Ул „Кеј Димитар Влахов  “ бр.23

Скопје

                                                                                                             

 

ПРЕДМЕТ: Одговор на координативен надзор

            Број КО 119/23 од 13.02.2025 год.

 

Почитувани,

По барање на Основното Јавно Обвинителство за координиран надзор, поврзано со животната средина и природата, а согласно Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 -2025 год. , како и со цел намалување на загадувањето на воздухот, Ве известуваме за следново :

На ден 13.02.2025 год. екипите од Секторот Инспекторат од Општина Карпош спроведоа инспекциски надзор во населбата Злокуќани. Имено, комуналните редари во придружба со раководителот на Секторот, општинските инспектори за животна средина, комуналниот и  градежниот инспектор излегоа на теренот и ги мапираа хаварисаните возила, на кои поставија налепница со известување,  каде беа директно предупредени сопствениците, дека мораат да ги отстранат своите отпадни возила во рок од 10 дена.

Притоа, инспекцискиот тим од Карпош изврши надзор и врз автомеханичарските работилници по целата должина на ул. „Скупи“ и од увидот на лице место општинскиот инспектор за животна средина отпочна постапка согласно Законот за животна средина со задолжување да се изработи Елаборат за животна средина. Правните субјекти кои не поседуваат Елаборат за животна средина, задолжени се да ги отстранат недостатиците односно неправилностите во однос на технолошките процеси.  Поведена е и инспекциска постапка каде што беа констатирани диви отпади, градежен шут и друг отпад на јавната површина.

Во текот на вршење на надзорот беа присутни и служби од Општина Карпош кои го расчистуваа отпадот од јавната површина, во месната заедница Злокуќани и во внатрешниот дел на истата. Како дел од логистичката поддршка на оваа акција беа инволвирани и униформирани полициски службеници од Полициската станица Карпош. Во рамки на надзорот беа составени прекршочни платни налози на физички лица, заради спротивно постапување на Законот за јавна чистота,  а оттука за правните субјекти ќе биде покрената и инспекциска постапка од страна на соодветните инспектори.

Во текот на инспекцискиот надзор согласно Закон за управување со отпад од страна на опшинскиот инспектор за животна средина поведе постапка за два правни субјекти за управување на отпад на приватен имот каде што се затекнати поголеми количини на отпад (постапување со  отпад од пакување) и со задолжување до правните субјекти поведена е инспекциска постапка.

Општинскиот комунален инспектор заедно со комуналните редари извршија контрола над 60 градилишта од втора категорија во делот на контрола на чистотата околу градилиштат, градежен материјал и арматури, како и влегување и излегување на тешка механизација без церада како и валкани тркала на камиони од градилишта. Ова особено се однесува на големите комплекси – згради каде што контролата посебно е засилена и ригорозна. При секојдневните контроли на терен, констатирано е дека градилиштата се редовно контролирани и генерално се придржуваат кон законските одредби а изречен е еден прекршочен платен налог и поведени се две инспекциски постапки согласно член на Законот на јавна чистота за оставање градежен материјал на јавна површина.

Секојденевно се контролираат локални улици за чија чистота се грижат вработените за одржување на јавната чистота во Општина Карпош. Што се однесува за градските сообраќајници, контејнери и просторот за одлагање на отпад задолжени се ЈП ,,Комунална хигена ,, Град Скопје. Со нив контактираме преку одговорните лица на ова претпријатие, иако во текот на минатата година општинскиот комунален инспектор изрече казна глоба за правен субјект,  сепак имаме добра соработка во однос на одржување на хигената и редовно одговараат на нашите барања. При тоа се заменети искршените контејнери со нови, а главните сообраќајници се чистат по нивен распоред.

Општина Карпош е прва општина која  потпиша Договор за соработка во месец Декември 2024 год. согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад при што веднаш почна со мапирање на старите отпадни возила и постапување по насоките од Упатството донесено од МЖСПП. Според насоките до сега се мапирани вкупно 170 возила во 6 ( шест ) Урбани заедници , а отстранети се 65 возила од јавна површина по отпочување на постапката согласно горенаведеното Упатство. Во тек се инспекциски постапки за сопствениците на отпадните возила кои имааат регистерски таблици.      Акцијата продолжува и натаму и очекуваме дека самоиницијативно или со       колективниот постапувач ќе ги ослободиме сите паркинг места на територијата на локалната самоуправа кои се узурпирани од отпадни возила.

Општинскиот комунален инспектор континуирано во соработка со ЈП Градски паркинзи – ,, Пајак служба” ,  подигнува возила паркирани на зелени површини, но и изрекува прекршочни платни налози доколку возилото во моментот не може да биде подигнато со Пајак служба.

 

Со почит,

 

 

 

                                                                                              РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР

                                                                                                      Богданка М. Мучева