Надоврзувајќи се на денешната информација која утрово ја објавивме во врска со пристигнатите барања за субвенционирање на млади лица од Карпош, за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола, Комисијата за доделување на субвенции при локалната самоуправа обработи дополнителен број на барања. Имено, утринава беше објавена листа од 25 кандидати кои ги исполнуваат критериумите за субвенционирање за посетување на обука за теоретски и практичен дел. Во таа насока, до крајот на работното време комисијата обработи поголем број на барања, при што ја објавува ажурираната листа на дополнителни 16 кандидати  кои ги исполнуваат критериумите кои се пропишани во Јавниот повик:

 

Р.Б Име и презиме Дата на поднесување
1 Роберт Радевски 11-5254/1
2 Стефан Клисаров 11-5311/1
3 Никола Мирчески 11-5280/1
4 Петар Мирчевски 11-5326/1
5 Мила Галабова 11-5315/1
6 Иво Миленковиќ 11-5314/1
7 Александар Власов 11-5286/1
8 Ана Андовска 11-5298/1
9 Бојан Живковиќ 11-5278/1
10 Анеса Ибраими 11-5287/1
11 Бранислав Максимовски 11-5335/1
12 Анѓел Јовановски 11-5291/1
13 Леон Стефанов 11-5292/1
14 Кристијан  Атанасов 11-5359/1
15 Хајрие Исенова 11-5290/1
16 Мартина Наумовска 11-5342/1

 

Оттука, кандидатите кои се наведени во оваа листа, можат да изберат една автошкола (од посочените во Јавниот повик), со што преминуваат во втората фаза од постапката. Во оваа пригода ги информираме граѓаните дека листата на кандидати кои ги исполнуваат критериумите за добивање на субвенции, ќе биде редовно ажурирана сé додека не се исцрпат средствата за оваа намена.