Општина Карпош ги известува сите заинтересирани припаднички на понежниот пол, како и оние кои досега го пријавиле своето присуство во рамки на    бесплатната обука за самоодбрана и фитнес, дека поради зголемениот интерес за оваа активност се воведуваат уште два дополнителни термини. Имено, наместо 3. февруари (сабота), припадниците на  полицискиот боречки клуб „Безбедност“ ќе ја одржат првата обука за самоодбрана и фитнес во спортскта сала на ООУ „Јан Амос Коменски“, овој петок (2. февруари) со почеток во 16:00 часот.

 

            Поточно, станува збор за следниов распоред на (четирите) термини во кои ќе се одржуваат гореспоменатите обуки:

 

  • Понеделник: 21:00 – 22:00 часот;
  • Петок: 16:00 – 17:00 часот;
  • Сабота: 12:00 – 13:00 часот и од 13:00 – 14:00 часот.

 

            За таа цел, ги замолуваме сите карпошанки кои веќе го најавиле своето присуство, повторно да го сторат истото, за да се направи рационална распределба на учесничките во неколку групи и термини.

 

            Пријавувањето ќе се одвива во текот на денешниот и утрешниот ден (31 јануари и 1 февруари) од 07:30 до 15:30 часот на следниве телефонски броеви:

 

                                                                   072/264-542

                                                                            и

                                                                   078/486-934