Вчера, во СРЦ „Борис Трајковски“ се одиграа финалните натпревари од    училишна  лига во ракомет на  Општина Карпош, која се одржа по прв пат. Првопласирана ракометна екипа е составот од „Димо Хаџи Димов“, додека на втората и третата позиција се пласираа ракометните тимови од „Вера Циривири Трена“ и „Петар Поп Арсов“.

Најдобар стрелец во училишната ракометна лига во Општина Карпош е Едвин Омерагиќ од „Вера Циривири Трена“, додека  за најталенетиран играч е прогласен Андреј Крстевски од „Христијан Тодоровски- Карпош“. Признанието за најдобар голман отиде кај Виктор Рибески од „Петар Поп Арсов“, а Андреј Јорданов од „Димо Хаџи Димов“ е прогласен за најдобар играч на сезонската ракометна лига.

 
Најталентирана ракометарка оваа сезона е Ана Георгиевска од „Војдан Черднодрински“, додека најмногу голови постигнаа Мирјана Петковска и Андреа Томчевска од „Вера Циривири Трена“. Голманката Јуле Михајловска од „Димо Хаџи Димов“ е прогласена за најдобра ракометна голманка оваа сезона во ракометната лига, додека Стефани Софтовска е избрана за најдобра ракометарка.