ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ НА „МЛЕЧЕН“ ДОБИ НОВ ЛИК
- август 20, 2020
- 0
Поставени се нови реквизити и гумирана подлога на детското игралиште во урбаната заедница „Владо Тасевски“ (Млечен). После подолго време оваа зона доби целосно нов лик, а со новата подлога се подобри и безбедноста за најмладите.
Исто така, на барање на граѓаните поставена е и чешма, за освежување во летниот период.
Градоначалникот Стефан Богоев денеска беше во обиколка на овој дел од Карпош, при што ги посочи и другите активности кои се реализираа на Млечен.
- На овој потег, изминатиов период се санираа и клупите за седење, а беа засадени и нови украсни растенија. Неодамна, на сличен начин, го реконструиравме и детското игралиште во Карпош 3 (кај фонтана), а тековно ги санираме и другите постоечки игралишта, рече Богоев.
Тој ги повика граѓаните на одговорно и совесно користење на детските игралишта. Овие рекреативни зони се прават со буџетски средства на Карпош – пари на граѓаните и затоа одговорноста треба да биде на уште повисоко ниво.
Локалната самоуправа опстојува на определбата да обезбеди населби кои одговараат на потребите на сите граѓани, да имаме простор за рекреација, спорт и маалска дружба.
Со хуманизацијата, планското уредување на јавниот простор сакаме уште повеќе да го подигнеме квалитетот на живот во нашиот Карпош.