ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
- мај 5, 2026
- 0
По повод Денот на македонскиот јазик (5. мај), потсетуваме на значењето на јазикот како дел од нашиот идентитет и секојдневие. Или како што велеше академик Блаже Конески – „Јазикот е нашата татковина“. Во општина Карпош, јазикот не е апстрактна вредност – тој живее во училиштата, во културниот живот и во секојдневната комуникација меѓу граѓаните. Без големи зборови, туку со почит и пример – јазикот се чува и се пренесува.
Честит Ден на македонскиот јазик.









