ДЕЗИНФИЦИРАНИ ПОВЕЌЕ ОД 1000 ВЛЕЗОВИ – ПОЧНА НОВА АКЦИЈА
- март 30, 2020
- 0
Општина Карпош продолжува со дезинфекција на сите згради, со повеќе од осум домаќинства. Откако, минатата недела се спроведе првата акција за дезинфекција на повеќе од 1.000 влезови на територија на Карпош, од денеска, продолжуваме со ист интензитет.
Комуналните служби ги дезинфицираат влезните врати и делови од згради, гелендерот и сандачињата, а се користи посебно средство за дезинфекција на јавни површини.
Фокусот е ставен на дезинфекција на деловите кои граѓаните почесто ги допираат со рака, со цел да се спречи ширење на коронавирусот.
Исто така, ги повикуваме сите заедници на сопственици, куќни совети да продолжат со секојдневното одржување на хигиената во влезот. По консултации со Центарот за јавно здравје, улога на дезинфекција вршат и хигиенските средства со кои се одржува чистота во нормални услови (сјај, варакина и сл.)
Да ги почитуваме препораките за заштита од коронавирус. Сите сме одговорни за јавното здравје.